Англиските гиганти Челси, Ливерпул и Тотенхем ќе бидат во вториот шешир за време на ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите на 25 август, потврдија од УЕФА.
„Сините“ лани дури и го освоија трофејот, а тимот од Мерсисајдс дури во саботата го загуби финалето, но наесен нема да бидат лидери во групата.
Тоа значи дека Челси, Ливерпул и Тотенхем ќе можат да се соочат со Реал Мадрид, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, како и со некои од другите тимови од првиот шешир, како и со италијанскиот гигант Интер, кој е едвај во третиот шешир.
Ова се наметнува, бидејќи во првиот се сместени шампионите на земјите, како и победникот во Лига Европа – Ајнтрахт (Франкфурт). Единствен англиски претставник во него ќе биде Манчестер Сити, кој втора година по ред го освојува првото место во Премиер лигата.