Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски ја истакна потребата од формирање коридор за украинските земјоделски производи.
Украинската страна тврди дека руската блокада на нејзините црноморски пристаништа го спречува снабдувањето со стотици милиони тони украински житарки ширум светот.
Кабинетот на Ердоган соопшти дека турскиот претседател му рекол на својот украински колега да „придаде посебно значење“ на обезбедувањето безбеден премин за бродовите што превезуваат земјоделски производи.
Тој, исто така, сака Турција да стане дел од „контролниот центар“ со седиште во Истанбул, во кој ќе бидат вклучени Украина, Русија и Обединетите нации, за да се најде начин да се стави крај на војната.
Ердоган претходно разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Во транскриптот од разговорот објавен од канцеларијата на Ердагон се споменува „надзорен механизам“ што ги вклучува Турција, Украина, Русија и ОН. Детали за тој механизам не се објавени, пренесува АП.