Ѓоргиев: Нема апсолутна согласност на двете страни за некои историски прашања

од Берта Китинска
219 прегледи

Историјата мора да остане настрана од политиката, вели историчарот и копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев.

– Ние неколку пати сме изјавувале дека историјата мора да остане настрана од политиката. Тоа мора да се почитува. Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес на разговори меѓу двете држави, рече Ѓоргиев.

Тој напомена дека резултатот од Комисијата покажува оти има големи разлики и дека нема апсолутна согласност на двете страни за одредени историски прашања.

Слични содржини