Пратеничката од ДУИ, Арта Биљали Зендели смета дека е индикативно зошто никој не зборува околу делот на однесувањето на службениците во Собранието, околу ситуацијата со контроверзната снимка во која „главен актер“ е претседателот на Собранието, Талат Џафери.
-Кои се тие? Јас сум пратеничка од редовите на ДУИ и не ги знам, не знам на кој се обраќа. Таму има општи обраќања и сега треба да се фокусираме само на тоа ли? Тој во овој период покажа дека има способност да раководи со Собранието и разни обвинување кои му се упатуваат. Ако сакаме да го споредиме етичкиот кодекс, треба да важи за сите во Собранието, конкретно за координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ (Никола Мицевски), кој му се обраќа на Џафери со зборовите „ти така можеш само кај твоите во Форино“ или „во твојот дом во Форино. Тоа не е етичко. Ако треба да сме претпазливи, тоа не е само за спикерот Џафери. Сета негативна енергија е во Собранието, откако ВМРО-ДПМНЕ најави активна блокада. Џафери постојано добива закани и му се приближуваат на седниците. Јасно е од каде треба да му се обраќаат, не може да бидат 10 центриметри од него. Во тој контекст треба сите засегнати страни да се побараат, порачува Зендели во емисијата „24 анализа“.