Американската амбасадорка во заминување, Кејт Мери Брнз тврди дека во Македонија има две причини кои загрижуваат.
-Корупцијата е број еден. Треба да биде приоритет, бидејќи демократските институции сѐ уште се во развој и нивно постојано поткопување со корупција е закана за идната безбедност, стабилност и просперитет на државата. Втората работа е состојбата со младите. Нѐ загрижува фактот што младите се разочарани. Разочарани се кога не гледаат дека владата работи за граѓаните. Младите треба да бидат охрабрени да ја видат својата иднина тука, a борбата против корупцијата е моќен начин да се излезе во пресрет на нивната загриженост, вели Брнз во „Емисија 200“.
Според неа, стратешкиот дијалог помеѓу САД и Северна Македонија е добра можност за континуирана соработка помеѓу двете земји.
-Мислам дека Стратешкиот дијалог нуди интересни можности за во иднина и испраќа сигнал дека САД сакаат уште повеќе да вложат во него. Тоа може да е добар патоказ двете земји да продолжат да го градат своето партнерство, порача Брнс.