231
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел денеска изјави дека поддршката на Европската унија за Украина не е забавена и најави дека воената помош за Киев ќе продолжи.
Во разговор за Би-Би-Си, на прашањето „за стравовите што некои Украинци ги изразија дека европската поддршка е забавена во последните недели“, тој рече дека не го дели тоа мислење и дека последниот пакет санкции против Москва го потврдува неговиот став.
„Забранивме увоз на руска нафта. Повеќе од 90 отсто ќе биде запрено. И ние ќе продолжиме да даваме воена поддршка. Не го игнорирајте фактот дека намаливме 90 отсто од приходите на Русија од нафтата“, нагласи високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.