„CNN“: Договорот на Вучиќ со Путин создаде големи проблеми за Европа

од Nikola Popovski
222 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ во неделата објави дека неговата земја се договорила за нов тригодишен договор за снабдување со гас со рускиот државен енергетски снабдувач Газпром. Веста стигна во незгодно време. Вучиќ на тој начин ѝ зададе нова главоболка на западниот антипутински сојуз, а особено на Европската унија, пишува „CNN“.

Од другата страна на континентот, лидерите на ЕУ се заглавени во напорни преговори за шестиот пакет санкции против Москва. Конечниот договор, објавен во понеделникот доцна навечер, вклучува делумна забрана за увоз на руска нафта во ЕУ.

Меѓутоа, за сите да се согласат на санкции, Брисел беше принуден да направи ослободување за нафтата што се увезува во Унгарија, Словачка и Чешка со нафтовод. Некои членки на ЕУ ова го сфатија како голема отстапка, додаваат меѓу другото од „CNN“.

Фото: Tanjug/Predsedništvo Srbije