Марковиќ: Макрон ги убедува полибералните Бугари дека ќе имаат бенефит од кревање на ветото

од Nikola Popovski
237 прегледи

Не сакам да бидам оптимистичен дека до јуни ќе се крене ветото. Макрон прави последен, очајнички обид да ги убеди полибералните струји во бугарската политика дека ќе имаат повеќе бенефит, отколку зијан ако го кренат ветото. Сето ова се случува во позиција на цајтнот. Првото времето е кратко, а второ се случува во време кога има голем раздор во тамошната коалиција, вели политичкиот аналитичар и член на Советот на безбедност, Ненад Марковиќ, во емисијата „Клик плус“.

Според него, Петков сака и работи на кревање на ветото.

-Начелно желбата постои, но Радев, БСП и партијата на Трифонов го опструираат тоа. Односот на коалициските сили е 2 спрема 2, појаснува Марковиќ.

Слични содржини