Јунајтед се уверени дека ќе го земат Де Јонг на „попуст“

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Манчестер Јунајтед е се поуверен дека ќе успее да ги обезбеди услугите на играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пишува печатот на Островот. Авторитетниот италијански новинар Фабрицио Романо вчера објави дека двете страни веќе започнале поконкретни разговори и им дале дополнителна доверба на водечките фактори на „Олд Трафорд“ дека ќе успеат да го земат играчот.

Барселона за играчот одреди цена од околу 85 милиони евра, но „црвените ѓаволи“ се сигурни дека таа ќе биде намалена во преговарачкиот процес, бидејќи Каталонците се притиснати од финансиските проблеми да побрзаат да ја затворат зделката за да, благодарение на средства од него, да продолжат со нивниот избор.

Другата голема пречка е желбата на Де Јонг да остане на „Камп Ноу“, но во овој аспект тој многу се потпира на новиот менаџер Ерик тен Хаг, кој знае и соработувал со играчот од средниот ред и ќе мора да го убеди да дојде кај 20-кратните англиски шампиони.

Изданијата додаваат дека Јунајтед веќе ја подготвил својата прва официјална понуда и таа ќе биде вредна 50 милиони фунти. На „Олд Трафорд“ не очекуваат да биде прифатена, туку само да стане појдовна точка за понатамошниот правец на разговорите.

Слични содржини