Министерството за здравство издаде препораки за тоа како да се заштитиме од евентуална појава на болеста мајмунски сипаници. Според министерството, најдобра заштита е да се избегнува директен контакт со диви животни како мајмуни и глодари и изложување на нивна крв или месо.
-Да се консумира само термички обработено месо од диви животни и да се избегнува контакт со лица кои се сомнителни на мајмунски сипаници. Вакцината за заштита може да се обезбеди и е развиена. Заразените се лекуваат со антивирусно средство кое е развиено претходно за третман на големи сипаници и е лиценцирано за лекување од мајмунски сипаници, информираат од МЗ.
Од таму додаваат дека периодот на инкубација е од 5 до 21 ден, зависи од патот на пренесување и изложеност на болеста.
Фото: Godji10 / iStock / Getty Images Plus