Ковачевски: Оваа влада за 4 месеци направи повеќе од некои влади за 4 години

од Nikola Popovski
301 прегледи

Она што го направи оваа влада во изминатите четири месеци е повеќе од тоа што некои влади го направиле за 4 години. ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да се согласи, но на крај испаѓало дека за многу работи се согласувале, вели премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“.

Ковачевски потенцира дека се успешни овие 120 дена.

-Сите мерки кои што беа направени беа детално планирани со консултации со експерти. Чинеа 400 милиони евра или вкупно 615 милиони евра. Се уште е на важност намалувањето на ДДВ-то за електрична енергија. Директни издатоци за пензионерите и поволни каматни стапки. Дел од тие мерки не се укинати, но дел се редизајнираат, поради тоа што пред нас претстои тешка зима. Во моментов работиме на редизајнирање на мерките и да бидат насочени кон најпогодените граѓани од кризата. Не би кажал дека плаќаме повеќе од тоа што се светски цени. Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, додаде Ковачевски.

-До крајот на годината очекуваме стабилизирање на ценовните притисоци, појасни премиерот.