Георгиев: Заев поларизираше, со Ковачевски се спуштија тензиите

од Nikola Popovski
266 прегледи

Јас сум среќно разведен од политиката. Прашањето е дали има морал во политиката. Секако дека има. Таа е базирана на етнички вредности, кои што би требало политичарот да го водат. Од памти век така ја гледаме политиката. Ова денеска е поврзано со цинизам и граѓаните се цинични кон политичките односи, но не можеме да ги обвиниме за тоа, вели политичкиот аналитичар и поранешен пратеник Гордан Георгиев.

Според него, се помалку гледаме дека политиката повеќе се води од принципи кои се засновани од тоа „да дојдеме на власт, па да видиме како ќе биде“ при тоа да се обидеме да го унаказиме противникот по секоја цена, вели Георгиев во емисијата „Клик плус“.

-Предвремени избори не се толку потребни колку што го мисли опозицијата. Сме праеле и ние и тоа е легитимно. Заев многу поларизираше и бомбите и Преспа. Со доаѓањето на Ковачевски се спушти таа реторика и тензиите, додава тој.

Слични содржини