Казни за 141 возач во Скопје, 19 без возачка

од Берта Китинска
235 прегледи

На територија на град Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Од МВР денеска информираат дека се изречени девет мерки за користење мобилен телефон, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за непрописно престигнување…

Засилените акциски контроли продолжуваат.