213
Шефот на ЕУ за надворешни работи Жосеп Борел вели дека денеска се одбележуваат 100 дена од руската инвазија на Украина, но и 100 дена силна поддршка од ЕУ за Украина.
„За сто дена илјадници се мртви, а 6,8 милиони се бегалци. Сто дена неразумно уништување и штета проценета на милијарди. Сто дена се блокирани пристаништата, бомбардирани полиња, блокирани се 22 милиони тони жито“, напиша Борел на својот Твитер профил.
Борел додава дека за време на стоте дена од војната во Украина, ЕУ добила помош од 9 милијарди евра, од кои 2 милијарди за вооружување на украинските воени сили.