Штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат барањата до 21 јуни, најавуваат од ССМ

од Берта Китинска
229 прегледи

ССМ донесе одлука за генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат барањата, изјави петседател на ССМ, Дарко Димовски.

– Доколку не се исполната барањата до 21.06 на 22.06 јуни Сојузот на синдикати на Македонија ќе ги повика сите работници како членови и сите останати незадоволни работници да ги прекинат нивните работни процеси на своите работни места и да изразат големо незадоволство или како што велиме ние да направиме генералешн шрајк, кажа Димовски.

ССМ бара потпишување на колективен договор со кој ќе се утврди линерлното зголемување на платите од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право регрес од 2023 година во износ од 30 до 100% од просечната плата во државата.

Во протестот кој го најави тој ќе бидат вклучени војската, полицијата, здравството, образованието, комуналните претпријатија, управата, администрацијата, општините.

Слични содржини