Иако по природа сум оптимист, во однос на кревањето на ветото во јуни ќе бидам прилично воздржан оптимист. Сите посакуваме да влеземе во ЕУ и да се израдуваме конечно. Тоа го заслуживме, граѓаните го заслужија, тоа е нешто што е обработено, тоа не е никаков подарок, вели директорот на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски.
Тој не сака да го коментира ставот на бугарската страна за тоа кој е виновен околу спорот.
-ЕУ ќе загуби на кредибилитет и углед, затоа што реално не испорачува. Ова е нешто е реализирано. Ќе загуби и Бугарија, бидејќи двете општества треба да се зближиме. Страдаат и бугарските граѓани затоа што јазот се продлабочува. Треба да гледаме реално и да ги гледаме можните последици. Сите три страни ќе бидеме губитници доколку не се крене ветото, порачува Деспотовски во емисијата „Само вистина“.