ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што пред една година можело да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари

од Vladimir Zorba
277 прегледи

„Цената на горивата за еден ден скокнаа за 15 денари, 90% од тоа покачување не е резултат на флуктуациите на светските берзи, туку на зголемената акциза која ја наметна СДСМ“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ утрово.

„Цените на храната за еден ден се зголемија исто така за 15 денари. Брашното, лебот и шеќерот се продаваат и по 60 денари, а зејтинот над 160 денари за литар.

ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за намалување на цените на горивата и храната, но СДСМ се однесува игнорантски.

Инфлацијата која веќе една година ја јаде економијата не е увезена, туку е резултат на неспособната влада.

Тоа што пред една година можело да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари“, додаваат од партијата во опозиција.

Слични содржини