202
Во врска со инцидентот поврзан со палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“, Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека нивната прва дипломатка Теодора Генчовска денеска ќе ја посети Битола и на лице место ќе разговара со претставници на здружението.
Генчовска денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија на покана на нејзиниот колега Бујар Османи.
Целта на посетата е продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за отворени билатерални прашања поврзани со имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
На разговорите ќе се разговара и за прашања поврзани со евроинтеграциите на земјава.