Ковачевски го осуди палењето на „Иван Михаилов“: „Да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите“

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола.

„Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо. Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот.

Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ.

Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите“, сподели премиерот на РСМ.

Претходно и претседателот Пендаровски и македонското МНР го осудија инцидентот.