Можен прв случај на мајмунски сипаници на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Министерството за здравство на Косово денеска соопшти дека е примен првиот пациент за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници, пренесува KoSSev.

Во болницата во петокот попладне е примен 69-годишен пациент, роден во Драгаш и неговата состојба е стабилна.

Тој е изолиран на Клиниката за инфективни болести и земен е примерок од промените на кожата, кој ќе биде испратен на анализа во референтната лабораторија на Светската здравствена организација (СЗО) во Холандија.

Додека се чекаат лабораториските резултати, клиниката ги следи пропишаните критериуми.

Мајмунските сипаници се пренесуваат од животните на луѓето, најмногу од верверички, гамбиски стаорци, разни видови мајмуни и друго.

Според СЗО, случаите на оваа болест често се наоѓаат во близина на тропските шуми, каде што има животни кои го носат вирусот.

Преносот од човек на човек е ограничен и вирусот може да се пренесе со контакт со телесни течности, лезии на кожата или внатрешни мукозни површини како што се устата или грлото, респираторните капки и контаминирани предмети.

Слични содржини