Битиќи: За ВМРО–ДПМНЕ е изненадување институциите да работат за интересот на граѓаните

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Пазарната инспекција секогаш треба да ја следи и проверува трговијата и нејзините постапувања, со две цели, првата е да за да има податоци за пазарните движења, кои се обврска според закон и подзаконските акти за водење евиденција во трговија на големо и мало, втората е за да постапи соодветно доколку постои прекршување на законите истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во својата објава на социјалните мрежи.

„Разбирам дека за ВМРО – ДПМНЕ е непознато и изненадување институциите да работат за интересот на граѓаните… жал ми е што 5 години немаат напреднато од матрицата дека секој пат кога ќе се спомене дека институција ќе постапи по своите законски надлежности, во ушите на ВМРО-ДПМНЕ тоа одѕвонува како закана или притисок. Друго на што сакам да потсетам е на солидарноста и грижата едни на други. Со овие принципи се справувавме во последниве две години со сите предизвици на кризата и така и ќе продолжиме.

Да се извезуваат основни прехранбени производи по високи цени за профит во време на криза без да се мисли на залихи за своите сограѓани, да се качуваат вртоглаво цени со маржи повисоки за 20% во само 24 часа. Етика, солидрност и морална одговорност се начела кои не смееме да ги заборавиме, при креирање политики но и бизнис стратегии“, порача Битиќи.

Слични содржини