236
Со влегувањето на Финска и Шведска во НАТО алијансата, Русија би била доведена во потешка воена позиција на Балтикот, изјави денеска за време на посетата на Стокхолм началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Мајли.
И покрај приговорите на Турција, Шведска и Финска – нордиските земји кои имаат долги граници во Балтичкото Море, минатиот месец поднесоа барање за пристапување во Северноатлантската алијанса поради зголемените безбедносни грижи предизвикани од руската инвазија на Украина, објави „Ројтерс“.
Нивното приклучување би значело дека руските градови Калининград и Санкт Петербург ќе бидат опкружени со НАТО.