223 санкционирани возачи во Скопје, 35 за возење под дејство на алкохол

од Vladimir Zorba
253 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 223 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 25 мерки за возење без возачка дозвола, 67 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се две мерки за користење мобилен телефон, 35 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 16 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник…