На „Олд Трафорд“ имаат план како да поведат во битката за Нунес

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Манчестер Јунајтед планира да го вклучи Андреас Переира во понудата до Бенфика за напаѓачот Дарвин Нунес.

Португалскиот гигант сака 100 милиони фунти за својот голгетер, чие име се поврзува и со Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и Ливерпул.

За намалување на сумата, „Црвените ѓаволи“ размислуваат да вклучат еден од своите играчи.

Переира последната сезона ја помина на позајмица во Фламенго, а скаутите на Јунајтед, кои ги следеа неговите настапи, беа импресионирани од неговиот развој.

Ова беше уште еден заем на играчот од средниот ред, кој претходно беше испратен да игра во Гранада, Валенсија и Лацио.

Иако никогаш не успеа да се наметне на „Олд Трафорд“, 26-годишниот играч сепак може да биде корисен за клубот доколку 20-кратниот шампион успее да постигне една од своите големи трансфер цели.

Переира за Фламенго одигра 45 натпревари и постигна шест гола.

Слични содржини