326
Мотоциклист од Србија е тешко повреден откако излетал од коловозот на регионалниот пат Градско – Велес.
Несреќата се случила вчера, а со мотоциклот „БМВ“ со српски национални ознаки управувал Б.М. (55), информираат од МВР.
Повредите се констатирани во Општата болница во Велес.
Увид извршила екипа од СВР Велес.