295
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јадранското Море кај брегот на Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на три километри од Драч и на 30 километри од главниот град Тирана, според веб-страницата на ЕМСЦ.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.