Ковачевски се прости од Гоговски: Неговите заслуги ќе останат вградени во севкупниот напредок на нашата татковина

од Берта Китинска
357 прегледи

Со голема тага ја примив веста за смртта на Глигорие Гоговски. Неговите заслуги како долгогодишен општествено-политички работник, ќе останат вградени во севкупниот напредок на нашата татковина, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

-Глигорие ќе остане запаметен како одговорен политичар. Тој како последен претседател на Извршниот совет на Народното Собрание на Социјалистичка Република Македонија и премиер на преодната влада, учествуваше во процесот на отворање на патот кон самостојноста и независноста на нашата држава.Исклучителен е неговиот придонес и во севкупниот економски развој на државата, кој го даде и како долгогодишен успешен менаџер на ,,Тетекс’’, текстилниот гигант со над седумдецениско постоење.Нека му е вечен споменот!, напиша Ковачевски.