Принцот Хари и Меган Маркл веќе беа во авион за Калифорнија додека членовите на кралското семејство уживаа во последниот ден од прославата на платинестиот јубилеј на кралицата, пишува „Мирор“.
Парот наводно ја напуштил Велика Британија еден час порано од последното собрание на кралското семејство за време на четиридневната прослава. Тие го пропуштија концерт во Бакингемската палата и не се појавија на балконот на палатата со кралицата која ги поздравуваше собраните, на четвртиот и последен ден од одбележувањето на нејзината 70-годишнина на тронот.
Кралските експерти тврдат дека принцот Хари „се бори со прифаќањето на новата улога во семејството откако се откажа од кралските должности, а Меган Маркл ѝ пркоси на Кејт Мидлтон“. На враќање во Лос Анџелес, фотографите ги фотографираа Меган и Хари.
Да потсетиме, парот пристигна во Велика Британија две години откако се откажаа од кралските должности, а кралицата Елизабета конечно ја запозна нивната ќерка Лилибет.