Девет лица од Куба спречени при обид нелегално да преминат граница

од Берта Китинска
337 прегледи

На 05.06.2022 околу 03.00 часот кај Граничен камен 59 на државната граница со Република Грција, полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишиле од слобода М.М.Ј.(37), Р.Ј.Л.Д.Л.К.(24), М.Р.А.(31), М.К.Ј.А.(29), Ч.Л.Е.(28), К.Ч..Л.(39), О.М.М.(43), Г.Д.Ј.Р.(33) и М.Р.А.(43), сите од Куба, спречени при обид нелегално да ја преминат државната граница од нашата држава во Република Грција, надвор од граничен премин.

Од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Југ“ известен е судија од Основниот Суд во Гевгелија, од чија страна им е изречена парична казна и издадени им се решенија за протерување од државата.

Слични содржини