Непријателските потези на некои земји, кои ја спречија посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија, нема да ја спречат Москва да ја продолжи соработката со пријателските земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Ваквите непријателски дејствија кон нашата земја, кон високите претставници на нашата земја, можат да предизвикаат одредени проблеми, може да доведат до поместување на распоредот на планираните контакти за подоцнежен период. Но, убедени сме дека овие дејствија нема значително да ги спречат нашите контакти со тие земји, особено со пријателите како Србија“, изјави Песков на новинарите, пренесе ТАСС.
Според него, се воведува одредена нелагодност, но тоа не може да го спречи продолжувањето на работата на руската дипломатија, пренесе агенцијата РИА Новости.