Ковачевски: Со растот на платите покажавме дека работниците ни се на прво место

од Nikola Popovski
153 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, градоначалник на Пробиштип Драган Анастасов, во рамки на посетата на Општина Пробиштип ја посети и компанијата „Булмак 2016“, која е одличен пример за успешно работење и јасна бизнис стратегија.

-Со јасна визија и бизнис стратегија тие од рудникот „Злетово“, како фирма во стечај, за кус временски период направија успешна економска приказна. Рудникот „Злетово“ кој е од суштинско значење за градот и околината, е место каде што се вработени 454 инженери и рудари, нешто што му даде сила и елан на овој град да оди во прогрес. Дури и во време на криза и пандемијата со КОВИД-19, „Булмак 2016“ е вброена во најуспешните 30 компании во земјата. Во „Злетово“ и „Тораница“ компанијата вработува околу 800 вработени. Го зголеми производството и не само што го задржа нивото на плати туку и ги зголеми платите на вработените во однос на претходните години, изјавил Ковачевски.

Премиерот додал дека оваа Влада го исполни нивното долгогодишно барање за намалување на старосната граница за пензионирање и исправи една голема неправда.

-Со измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, сега рударите наместо на 58, правото на пензија можат да го остварат на 50 години. Грижата за работниците и за граѓаните е на прво место на оваа Влада. И во услови на најголема светска криза продолжуваме политики кои го поттикнуваат растот на просечната плата која надмина 30.000 денари. Пензиите доживеаја историски најголем раст, прво преку усогласувањето направено на почетокот на годината преку менувањето на методологијата и усогласувањето кое што ќе следува во месец октомври. Република Бугарија е наш шести најголем трговски партнер и имаме вкупна трговска размена од над 581 милиони евра. „Булмак 2016“ е пример за заедничка инвестициска соработка која треба да се следи. Соседна Бугарија е меѓу десетте наши најголеми трговски партнери, како што се и соседна Грција и Србија, додал Ковачевски.