Посетата на Генчовска падна во сенка на инцидентот во Битола. Тоа бес дводневни интезивни преговори. Премногу рано е да се каже нешто, но беше една од подобрите средби што ги имавме досега. Тоа што се случи во Битола беше смислен акт за да се влијае на разговорите, но за среќа не влијаеше во нашиот ангажман. Беа доволни разговори за да се продолжи понатмау, но не доволно за да можам да кажам кој ќе биде исходот, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи околу посетата на неговата бугарска колешка Теодора Генчовска што се случи изминатиот викенд.
Според него, овој состанок ги охрабрил двете страни за да се дојде до одржливо решение.
Во однос на шпекулациите за предлог од францускиот претседател Емануел Макрон за решавање на спорот со Бугарија, Османи ги повтори зборовите на премиерот Димитар Ковачевски дека нема конкретен француски предлог, но има личен интерес од Макрон.
-Не е мое да кажам, но нема состанок кој што Макрон го има со европски лидери, а да не го отвори со прашањето за С. Македонија и почетокот за преговори. Тоа ни дава големо задоволство. Работиме билатерално со Бугарија и сум во постојан контакт, додаде министерот во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.