Ковачевски: Со секоја нова средба на членките на Отворен Балкан обезбедуваме посилна соработка

од Берта Китинска
128 прегледи

Денес започнува Самитот на Отворен Балкан на кој склучуваме нови соработки во областа на туризмот, културата, образованието и царинскиот проток, информира премиерот Димитар Ковачевски.

-Сите тие се од огромно значење за компаниите и граѓаните од регионот. Со секоја нова средба на членките и пријателите на Отворен Балкан обезбедуваме посилна соработка, олеснета комуникација и подобри услови за развој на економијата. На мое големо задоволство на овој самит гости ни се и Црна Гора и Босна и Херцеговина кои верувам дека во иднина ќе станат дел од оваа успешна иницијатива, соопшти Ковачевски.