Спасовски не го открива името на пироманот на клубот „Иван Михајлов“

од Берта Китинска
228 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека МВР бара одредување мерка притвор за Л.А., кој го запали седиштето на културниот клуб Ванчо Михајлов во Битола.

„На основа на сите овие податоци и информации доцна синоќа по наредба на надлежниот суд и надлежен обвинител беше извршен претрес во домот на осомничениот, како и во неколку други објекти. Најдена е облеката и други предмети кои се поврзуваат со кривичното дело, така што имаме несоборливи докази. Лицето е приведено во полициска станица и очекуваме да биде изнесен пред судија на претходна постапка. МВР бара определување на мерка притвор, но би сакал да почекаме”, информира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во врска со случајот за приведувањето на Ламбе Алабаковски.

Во врска со идентитетот на осомниченото лице, односно дали е точно дека се работи за пејачот Ламбе Алабаковски, тој рече дека се работи за 34-годишен маж со иницијали Л.А. кој живее во Битола.

Слични содржини