Денеска се регистрирани 53 нови случаи на коронавирус од направени 1185 тестови, соопштија од Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 9 реинфекции. Регистрирани сe 94 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (53г) и Охрид (78г), починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 03-08.05.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.061.739 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.345, бројот на оздравени пациенти е 302.602, на починати е 9.311, а бројот на активни случаи изнесува 432.