Цената за струја што ќе ја понудиме нема да предизвика значително поскапување, тврди Ковачевски

од Nikola Popovski
304 прегледи

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски вечерва информира дека со намалувањето на трошоците и со зголемувањето на производството, компанијата до 24-ти јуни ќе ги направи пресметките за цената на струјата, кои потоа ќе ги достават до владата.

-Нашата цена ќе биде препорачана до ЕСМ да учествуваме на тендерот на ЕВН Хоум, за да може цената што ќе ја регулира РКЕ да има одредено покачување во блок тарифите, што ќе значи за долните тарифи да нема покачување или минимално, за вториот блок благо покачување и тие да се чувствуваат над третиот, односно во четвртиот блок што ќе трошат најмногу електрична енергија. Убеден сум дека цената што ќе ја понудиме ќе биде цена што нема да предизвика значително покачување на електричната енергија. Се надеваме ќе биде прифатлива за владата и за РКЕ, да нема или да има благо покачување на цената, во услови кога и во регионот и пошироко имаме значително зголемување на електричната енергија, порача Ковачевски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини