833
28-годишниот напаѓач на Тотенхем и Англија, Хари Кејн донесе нерешено 1-1 од пенал против Германија во меч од Лигата на нациите и ја престигна легендата Боби Чарлтон на вечната ранг-листа за „трите лава“.
Тоа беше 50. гол за Кејн во неговиот 71. натпревар со националниот тим. На Чарлтон му требаа 106 натпревари. Лидер по голови досега е поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој има 53 гола на 119 натпревари.
„Тоа е неверојатно достигнување. Репрезентацијата игра многу добро со него. Понекогаш премногу претпазливите тактики не му дозволуваат целосно да го открие својот талент и потенцијал“, прокоментира на Твитер по поводот легендарниот Гери Линекер.