341
Легендарниот поранешен италијански играч за врска и тренер на Јувентус, Андреа Пирло постигна договор со турски Фатих Караѓумрук и е пред потпишување договор до летото 2024 година.
Информацијата на Твитер ја пренесе новинарот Николо Шира.
Турскиот клуб се надева дека договорот наскоро ќе биде потпишан.
Пирло последен пат го водеше Јувентус во сезоната 2020/2021. Под негово водство „Старата дама“ го освои Купот и Суперкупот на Италија и заврши на четвртото место во Серија „А“.
Во Лигата на шампионите торинскиот тим беше елиминиран во 1/8-финалето против Порто.
Минатата сезона Фатих Караѓумрук заврши осми со 57 бодови, а шампион беше Трабзонспор.