309
Амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов, изјави дека добил писмо во кое го повикуваат да зборува против руската влада.
„Неодамна добив писмо по пошта, во кое ме повикуваат да зборувам против мојата татковина и да ги осудам постапките на рускиот претседател. Ми беше препорачано да се распрашам во канцеларијата на заменикот државен секретар на САД Венди Шерман дали сум подготвен да го прифатам предлогот“, рече амбасадорот во вторникот за време на гостувањето на руска телевизија, пренесува ТАСС.
Антонов изјави дека не наоѓа зборови да го изрази своето незадоволство од објавите на американските медиуми кои ги повикуваат руските војници и дипломати да ја предадат својата татковина.