„Отворен Балкан“ е иницијатива за стабилен и економски развиен регион, за подобар живот на граѓаните, рече премиерот Димитар Ковачевски кој денеска го отвори Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид на којшто присуствуваат високи гости од регионот, претсетелот на Србија, премиерите на Албанија и Црна Горда како и претседавачот со Совеот на министри на БиХ.
„Иницијативата „Отворен Балкан“ е наша заложба за стабилен регион, владеење на мир, за соработка и за економски развој – ова е нашата заложба за подобар живот на нашите народи. Наша автохтона иницијатива за европеизација на регионот.“ рече премиерот Ковачевски во обраќањето.
Цела Европа, и ние земјите од регионот, се соочуваме со сериозни последици од воената, енергетската, економската и здравствената криза, додаде Ковачевски повикуајќи на зголемување на нивото на соработка.
„Во вакви услови ние сме си природно упатени едни на други. Конечно, ние се разбираме, се помагаме едни со други и најважно, после долго време, имаме заедничка цел: Заедно да одиме напред!“ рече премиерот Ковачевски.
Бенефитите од Отворен Балкан и меѓусебното помагање меѓу државите и народи ние го осетивме уште летоска. Како резултат на Договорот за заедничко дејствување за време на природни и други катастрофи, соседите на Северна Македонија ѝ помогнаа во интервенција на пожарите кои ја зафатија нашата земја минатото лето, рече во обраќето премиерот Димитар Ковачевски, на отворањето на Самитот „Отворен Балкан во Охрид.