Односите помеѓу Бугарија и Македонија се на најниско историско ниво, изјави за Утрински брифинг лидерот на ДС, Павле Трајанов, кој додава дека за жал Бугарија има влезено во руската агенда.

-Ова не е автентична бугарска политика што се води спрема Македонија, со ставањето на ветото, туку е политика на Русија на Балканот. Русија си ги штити своите интереси преку Бугарија, Тоа се случи претходно со Борисов, министерката за надворешни работи Захариева, Каракачанов, но најмногу слеп послушник на рускaта политика практично е претседателот на Бугарија, Радев,изјави Трајанов.

Слични содржини