Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.194 тестови, а регистрирани се 73 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 45, Битола – 9, Охрид и Кочани – по 4, Кавадарци – 3, Тетово – 2, Куманово, Велес, Гостивар, Свети Николе , Крива Паланка и Дебар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (73), регистрирани се 7 реинфекции.
Регистрирани сe 66 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2, Прилеп и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (92г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (79г) починато во домашни услови. Пријавеното лице е починато на 15.05.2022.
Направени се 1.194 тестови преку: ИЈЗ-175, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-24, Биотек-33, Систина-34, лабораторија Лаор-18, Синлаб-16, Ремедика-13, Плодност-9, Генеа-14, Никоб Лаб-88, ВФВ Медикал-10, Ели МедикаПлус-12, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 529.
Досега во земјата се направени вкупно 2.062.933 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.418, бројот на оздравени пациенти е 302.668, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 437.