Денеска привремен прекин на сообраќајот од Св.Стефан до Св.Наум

од Берта Китинска
205 прегледи

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува жителите на Охрид дека денеска (08.06.2022), за редовен сообраќај привремено ќе биде затворен дел од регионалниот пат Охрид – Св.Наум. Привременото затворање ќе започне во 15.00 часот на потегот од туристичкиот комплекс „Св.Стефан“ сѐ до туристичкиот комплекс „Св.Наум“ кај Љубаништа, од каде полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид ќе вршат пропуштање само на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните лица – учесници на Самит иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид, информираат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на овој патен потег, но и по останатите сообраќајници каде се преземаат соодветни сообраќајно-безбедносни мерки.