Штабот на ВМРО-ДПМНЕ да се претвори во студентски дом, побараа студентите

од Nikola Popovski
296 прегледи

Универзитетско студентско собрание при УКИМ вечерва јавно побара конфискуваниот партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ да биде пренаменето во студентски дом.

Според нив, на студентите им припаѓа луксузот во кој политичарите до сега незаслужено уживаа.

-Ова е шансата сите заложби дека на младите е иднината и дека државата се грижи за нас да се докажат како реалност! Ова е шанса да се исправи погрешното трошење на парите. Не ни требаат вашите кристални лустери и позлатени слики, ни требаат тоалети со врата која се затвора, тавани без мувла и ѕидови со изолација, порачаа од Студентското собрание.

Студентите велат дека оваа идеја одамна ја дискутирале во нивните кругови и само ја чекале судската одлука.

-Ова е шанса ние да создадеме нешто, ќе бараме и поддршка за реуредување на просторот по наш вкус, по идеја на студентите, оценуваат од Универзитетското студентско собрание.

Според судиската пресуда во случајот „Талир 2“, се бара конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај тоа, поранешниот премиер Никола Груевски првостепено е осуден на шест години затвор за злоупотреба на службената положба, а за виновен е прогласен и поранешниот владин секретар Кирил Божиновски кој доби условна казна, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Слични содржини