Свети Наум чудотворец направи чудо: Вучиќ, Ахмети и Ковачевски заедно во манастирот

од Nikola Popovski
624 прегледи

Лидерите на земјите од Западен Балкан, по завршувањето на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид, го посетија манастирот Свети Наум.

Тие фрлија паричка за среќа во бунарот во склоп на манастирот.

-На крајот на успешниот ден, го посетуваме манастирот Свети Наум, една од најважните православни храмови, изграден во 905 година и местото каде што е напишана кирилицата, објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Покрај лидерите од Западен Балкан, во заедничката посета на манастирот бил и претседателот на  ДУИ, Али Ахмети.

Слични содржини