438
Харисон Вагнер, синот на ѕвездите од серијата General Hospital, Џек и Кристин Вагнер, почина на 27-годишна возраст.
Според извештајот добиен од магазинот People, Харисон бил пронајден мртов на паркинг во Лос Анџелес во понеделникот.
Неговата обдукција се уште е во тек, а причината и начинот на смртта не се соопштени.
Џек и Кристин се венчаа во 1993 година, а се разведоа во 2006 година и останаа пријатели со години.
Покрај Харисон, поранешниот пар го има и 31-годишниот син Питер, а Џек од претходна врска ја има и ќерката Кери.
Популарните актери се уште не се огласиле во јавноста.