Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени во пожар во деловна зграда во градот Даегу во Јужна Кореја, соопштија локалните пожарникари и полициски претставници.
Десетици пожарникари и возила беа испратени да го изгаснат пожарот, кој започна околу 10:55 часот по локално време на вториот кат од седумкатната деловна зграда во близина на окружниот суд, изјави претставник на противпожарната служба.
Досега се потврдени седум загинати, додека 35 лица со повреди се префрлени во болница, од кои девет се во тешка состојба.
Даегу, кој се наоѓа на југоистокот на земјата, е четврти по големина град во Јужна Кореја со 2,6 милиони жители.
Надлежните ги истражуваат причините за пожарот, а градската полиција не потврди дали постои можност тој да е подметнат.