Возачите на автобуси ќе штрајкуваат, за ЈСП и Арсовска протестот е политички мотивиран

од Берта Китинска
242 прегледи

Возачите од ЈСП од среда излегуваат на протест пред седиштето на претпријатието, најави Независниот синдикат на возачи.

Оттаму појаснуваат дека протестот е резултат на малите плати и тешките услови за работа.

-Многу ми е жал. Тоа претпријатие е останато девастирано од претходното раководство. Тие не успеале да ги сервисираат ниту новите возила од 2019 година, а да не зборам за експонатите, вели градоначалничката Данела Арсовска.

-Независниот синдикат не знам зошто покренува вакви активности, можеби и политички е мотивирано, бидејќи беше разговарано за скалесто зголемување во рамки на сите претпријатија. Тоа не е добро за нив како синдикат бидејќи го губат својот кредибилитет во процесот на преговарање, а го нарушуваат она што вработените го имаат, кажа Арсовска.

Од ЈСП велат дека најавениот штрјак е политички мотивиран, укажувајжи дека овие дејствија се неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието.

-Јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19.04. 2022 год ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2800,00 денари.Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се допринесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто, кажаа од ЈСП.