Барселона го притиска Френки де Јонг да ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го привлечат Холанѓанецот и веќе испратија понуда вредна 80 милиони евра, која беше прифатена од Каталонците. Токму ова е причината поради која „Камп Ноу“ се надеваат дека трансферот ќе биде финализиран што е можно поскоро, тврди „Тутомеркато“.
На Барса ѝ требаат овие пари за да ја наполни својата каса. Ова ќе му овозможи на клубот да биде многу поактивен на трансфер пазарот и ќе може полесно да ги финализира зделките за кои преговараше во последните недели.
26-годишниот Де Јонг е приоритет во селекцијата на црвените ѓаволи. Лично, новиот менаџер Ерик тен Хаг инсистирал да го привлече и газдите на „Олд Трафорд“ прават се што е можно да го обезбедат.
Барса и Манчестер Јунајтед веќе си подале рака за трансферот, но Де Јонг се уште не им дал конечен одговор на Англичаните. Се чини дека ова ги иритира двата клуба, кои сакаат зделката да се финализира што е можно поскоро.
Затоа газдите на каталонците вршат притисок врз играчот да одлучи за неговата иднина.