Ердоган: Грција да престане да ги вооружува спорните острови

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Грција треба да престане да ги вооружува островите кои, како што наведе, имаат статус на демилитаризирани територии и да се придржува до меѓународните договори.

Изјавата најверојатно ќе го поттикне обновувањето на долготрајните тензии меѓу соседите во Егејското Море, наведува „Ројтерс“.

Турција и Грција долго дебатираа за прашања како што се поморските граници, воздушниот простор на двете земји, мигрантите и етнички поделениот Кипар.